Со доаѓањето на пролетта стигна и сезоната на разни инсекти, меѓу кои најголема опасност шират осите и стршните.
Следниот совет го објави еден долгогодишен пчелар, а кој го пробал потврдил добри резултати:
Со себе треба да имате андол или аспирин во таблети. Едноставно навлажнете ја таблетата и ставете ја на местото каде ве каснал инсект и ќе излезе отровот.
Држете ја така минута, а потоа отстранете ја од местото на убодот. На тој начин, како што се тврди, ќе спречите болка и отекување.
Сепак, во случај на каснување, најдобро е да побарате помош од лекар.
Убодот од стршлен може да биде фатален
Убодот од стршлен е за сите многу страшен и паничен момент, а во главно ако навреме се реагира завршува со оток, кој може да боли и неколку денови.
Во екстремни случаи може да дојде и до шок или алергиска реакција на отровот, па така на изглед обичниот убод може да биде фатален по животот.
Причинители на оваа состојба или шокот се: Алергија на каснување на инсект, убод на незгодно место каде отокот прави гушење.
Во овој случај веднаш повикајте Брза помош без размислување. Професионалци треба брзо да спроведат антишок терапија.
Треба да бидете внимателни, во ретки случаи алергиската реакција може да задоцни и до 8-10 часа. Затоа, во секој случај веднаш обратете се на лекар.