Анабела Атијас се огласи по шпекулациите дека некогаш била во врска со сегашното момче на нејзината Луна Џогани, Марко Миљковиќ.
Танчерката објави таков наслов, па во описот напиша:
„Ви посакувам брзо оздравување, не е лошо да побарате стручна помош“, напиша Анабела.
За потсетување, Анабела истакна дека Марко го познава подолго време од Луна.
„Него го познавам подолго од Луна. Сакам што има став и што се придржува кон него. Стабилен е, смирен и има животно искуство. Полн погод е што мојата ќерка во реално шоу одбра маж кој кон неа се однесува како вистински маж. Јас би подржала секој избор на Луна, но не можам да кажам дека сакам тој да ми биде зет се додека не слушнам од нејзината уста“ изјави Анабела.
Исто така, Марко истакна дека пред „Задруга“ ја сретнал Анабела која му рекла добро да се однесува со нејзината ќерка.
Гласините се дека Анабела наводно во 2010 година после излегувањето од „Големиот Брат“ одлучил тогашниот избраник Младен Радуловиќ да го направи љубоморен така што ќе се зближи со Миљковиќ. На овој гест се одлучила затоа што Радуловиќ, наводно, покажувал симпатии спрема Ена Попов.
„Младен продолжи да го одржува контактот со Ена и по завршувањето на реалити шоуто. Се слушнаа неколку пати, а излегоа и на кафе. Кога за тоа дозна Анабела спреми пеколен план за да му се освети на Радуловиќ. Како оружје за одмазда го искористи Марко кој инаку и е поранешен дечко на Ена. Преку заеднички пријател му порача дека е убав и сладок. Штом слушна Миљковиќ веднаш почна да ја мува Анабела и да и праќа пораки. Беа и на состанок, а не е познато како завршил истиот. Откако Младен дозна за ова и забрани на Анабела да комуницира со Марко и така заврши се“, открил извор за пинк,рс.