Папата Франциск доаѓа во историска посета на Македонија на 7 мај, 2019 година. Овој датум ќе биде запишан во светската историја.
Претходниот ден , Папата Франциск ќе престојува во Бугарија, а на 7 мај рано утрината ќе пристигне од Софија во Скопје.
Ова е агендата за неговите активности. Папата ќе помине цел ден во Скопје.
08:20 Поаѓање за Скопје од аеродромот во Софија 08:15 Пристигнување на аеродромот во Скопје Официјален дочек Церемонија за добредојде во Претседателската палата Средба со Претседателот на РСМ Средба со Премиерот на РСМ Средба со државниот врв, цивилното општество и дипломатскиот кор Посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза со лидерите на верските заедници и средба со сиромашните Света Миса на Плоштадот „Македонија“ Екуменска и меѓурелигиска средба со младите – во дворот на катедралата “Пресвето Срце Исусово“ Средба со свештениците (и нивните семејства) и богопосветените лица Официјално испраќање 18:30 Заминување за Рим од аеродромот во Скопје Бискупот Киро Стојанов по повод посетата на Папата Франциск, издаде повик до верниците.
,,Драги верници и почитувани граѓани на Република Северна Македонија,
Како бискуп, верник и граѓанин на оваа Земја – Република Северна Македонија, веста за доаѓањето на Светиот Отец Папа Франциск во посета на нашата Земја ја примив со голема радост и благодарност кон Господа Бога, а верувам дека и граѓаните на Македонија и пред сѐ верниците католици ја примија со големо воодушевување. Сметам дека Светиот Отец Папа ја препозна потребата на Црквата и народ во Република Македонија за нивно охрабрување.
Папата Франциск од самиот почеток ја искажуваше и покажуваше својата близина и разбирање кон нас, примајќи ја секоја година во Аудиенција и Државната делгација во чест на чествувањето на Св. Кирил во Рим. Верувам дека неговото доаѓање во главниот град на Државата и родниот град на св. Мајка Тереза – Скопје има посебна симболика, а исто така верувам дека и неговите пораки кои ќе бидат упатени за време на неговата посета ќе бидат делотворен поттик за многу потребната духовна и друга обнова на ова наше општество и дека ќе ни помогне да го сфатиме и прифатиме фактот како сме сите, и како луѓе и како верници, одговорни за градење мир и среќна иднина меѓу сите верници, граѓани и народи во оваа наша мила Татковина – Северна Македонија.
Затоа ги повикувам сите верници католици и луѓе со добра волја во Република Северна Македонија, како и од соседството, на молитва и духовна подготовка за оваа драгоцена посета на Светиот Отец папа Франциск, првенецот на апостолскиот збор и неспорен морален авторитет на денешницата“-стои во повикот на бискупот Киро Стојанов.
Ова ќе му биде на Ѓорге Иванов една од последните активности како Претседател на Република Северна Македонија .
При посетата на Папата, но и пред тоа, ќе бидат спроведени строги мерки на безбедност.
Сите информации околу посетата на Папата Франциск ги има на специјалниот портал papa.mk.