Секојдневно ја купуваме: Не ја јадете оваа риба, опасна е по здравјето

ИЗВОРСкопје24
|

Постои вид на риба која често ја јадеме, евтина е и достапна по маркетите, а “dietmindspirit.org” апелира да се внимава бидејќи не е здрава.

Се работи за пангата која има потекло од Виетнам, а според сајтот, оваа риба има лош квалитет и доаѓа од нехигиенски услови.

Се лови од една од најзагадените реки, а не постои ништо природно во неа.

За употребата на оваа риба изби скандал пред две години во две членки на ЕУ, Италија и Франција. Таму медиумите оваа риба ја нарекоа риба-измама.

Пангата спаѓа во втората категорија и најверојатно е најмасовно вештачки произведувана риба, па многумина ја споредуваат со речно прасе.

Пангата е слатководна риба и највеќе се произведува во Виетнам, а сите производствени компании без исклучок се наоѓаат по делтата на реката Меконг.

Речното фармерство во Виетнам датира од пред дваесетина години, а првично било ориентирано на домашниот пазар. Пред 11 години, Виетнамците започнаа да ја извезуваат пангата која сега е исклучително значајна за нивната индустрија, а во производството на оваа риба се ангажирани околу 20.000 работници.

Водата во која се одгледува пангата е навистина од реката Меконг, но рибата не расте во самата река, туку во специјално ископани езера.

Како било која друга одгледувана риба и пангата ја хранат со посебни гранули кои во својот состав имаат рибен отпад (што горе-доле е нормално, затоа што рибите во морињата и езерата се јадат меѓусебно), минерали и отпад од производството на сончогледово масло за јадење.

Пангата е риба која расте брзо, а ја постигнува целосната големина за само шест месеци, во споредба со други риби на кои во просек им се потребни две до три години. Откако ќе ја постигне бараната маса, рибата се вади од водата во специјално опремени возила и се испорачува во фабриките.

Потоа, започнува процесот на производство, а речиси сите операции се извршуваат рачно.

Обучените работници со нож ги убиваат рибите, а потоа ги сечат на филети. Главата се користи за производство на храна за пангата.

Една од ретките операции кои не се врши рачно е оддвојувањето на кожата од филетите. Кожата често не се оддвојува целосно, па се дочистува рачно.

Потоа, се смрзнува и пакува. Виетнамците најчесто извезуваат во Европа, а оваа риба во другите земји најчесто се смета како храна за сиромашните.

Доколку сепак се одлучите да јадете панга тогаш:

1) Никогаш не купувајте филети. Сите филети кои се увезуваат кај нас во процесот на производство имаат инјектирано специјална состојка. Зошто? За да им ја зголеми масата. Производителите тврдат дека овие хемикалии се безопасни, но плаќате за риба или за хемија?

2. Купувајте цели парчиња риба. Технологијата на производство е таква што во овој случај не може да се инјектираат хемикалиите кои додаваат маса. Погледнете и колку мраз има на рибата. Колку е потенок слојот мраз, толку подобро.