Филип Ангеловски, момче со даунов синдром, готви за себе и бездомниците

ИЗВОРСкопје24
|

21-годишниот Филип е ученик во ДСУ „Св. Наум Охридски“ и од септември ќе биде трета година. На негово инсистирање родителите го запишале во групата за готвачи.

Филип Ангеловски е 21-годишно момче со Даунов синдром кое ужива во готвењето. Тоа му е и професија и задоволство. Неговата мајка Даниела Ангеловска за Факултети.мк раскажува дека Филип своето основно образование го завршил во редовно училиште.
Сега е ученик во ДСУ „Св. Наум Охридски“ и од септември ќе биде трета година. На негово инсистирање родителите го запишале во групата за готвачи.

– Сигурно нема да стане врвен готвач. Можеби нема да готви специјалитети, ама ќе знае да си свари едно јајце и да си стопли чајче – вели таа.
Фичо, како што го викаат најблиските, од мал редел прибор за јадење, носел лепче за време на ручекот, но дома не му дозволувале да се доближува до шпоретот за да не се изгори.

– Родителите чии деца се со Даунов синдром ги ограничуваат за да ги заштитат. Сѐ им е сервирано на тацна. Додека растеше, сфатив дека можел да направи многу работи, но јас сум му ги забранувала – додава мајката на Филип. Во еден момент ѝ се запалила „сијаличката“, па се запрашала што ќе прави нејзиниот син еден ден кога ќе ја нема. Затоа се ослободила од стравовите и му дозволила да учи да готви.

– Мило ми е што во училиште имаат многу пракса и готват – вели Ангеловска, која е пресреќна што нејзиното дете има можност да го учи тоа што го сака. Меѓутоа, за да е редовен на часовите, таа работела и втора смена. Задоволна е што успеала да се избори да има скратено работно време и така да му помогне во исполнувањето на обврските.

Сите имаат слободни билети, ама не секој од нив може да патува сам

Проблем е и превозот. Сите ученици од „Св. Наум Охридски“ имаат слободен билет за градскиот превоз, кој важи и за родителите. Таа карта е „карта за со придружба“, така што секој што е со учениците може да ја користи. Ама, дел од дечињата не можат да одат сами. Филип има проблеми со видот. Тешко може да го види бројот на автобусот, па се вози сам само на кратки релации.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.