Денеска е бурлеска дама и сон на многу мажи.
Но никој досега не знаел за еден многу важен детаљ од нејзиниот живот.
Касандра Кас има 35 години и завидна репутација на изведувачка на бурлески на која работела со години.
Делува како да е полна со самодоверба и како да нема никакви грижи на светот.
Но неодамна се реши да открие и оти животот не и бил гламурозен – се додека самата не ги преземала работите во свои раце.
Вака изгледала Касандра во детството. Дете од село кое секојдневно трпело изживување од својот насилен и многу конзервативен татко.
На оваа слика е со своите браќа. Прилично добро се сложувале и биле слични. Но сепак Касандра скала нешто поинакво – да биде жена. Таа растела, а со неа и желбата, па на крајот тоа отворено му го соопштила на својот татко.
Тој на тоа одговорил со тоа што се откажал од неа и ја исфрлил од куќата.
Се спакувала, седнала во автомобил и со 18 години отишла од Ајова во Флорида. Таму лутала се додека на наишла на изведувачите на бурлески и сфатила дека сака да им се придружи.
Работела напорно и штедела, а потоа почнала со операциите. Сето тоа ја чинело вкупно 250.000 долари, а меѓу останатото има пластични операции на градите, задникот, усните и низа други работи.
Сега не само што е успешна изведувачка на бурлески туку и актерка во Холивуд. А на сите им порачува само едно – секогаш да и се спротивстават на дискриминацијата и да ги следат своите сни.