Цеца Ражнатовиќ го посети Рим во сосема опуштено , но сјајно и секогаш модерно издание. Најголемата српска фолк ѕвезда го посети овој италијански град за да се одмори по настапот во Виена, каде пееше за матуранти.
Таа фрли паричка за среќа во Фонтана ди Треви, прошета по шпанските скали и посети многубројни локалитети во вечниот град.
Таа на себе имаше бела маичка, фармерки и црна „Шанел“ чанта кои одлично и прилегаат како турист во овој атрактивен град во Италија. Пејачката ја фрли паричката, но за жал не откри каква желба замисли.
Видеото погледнете го ТУКА.
Инаку балканската музичка ѕвезда пред некој ден се пофали на својот Инстаграм профил со својот нов имиџ.Имено Цеца има нова фризура и таа преку свое видео на Инстаграм ги поздрави фановите откривајќи им дека направила огромна промена во својот живот.
Како и да е пејачката изгледа задоволна од својот нов изглед, а гордо на своите фанови им праќаше и бакнежи, погледнете.
Инаку дел од фановите велат дека Цеца се одлучила за ваква промена токму во деновите кога пред 16 години беше ставена во затвор.