Ова е најдобриот наставник на светот – со оваа постапка сите ги воодушеви

ИЗВОРСкопје24
|

Наставник од Кенија, кој поголемиот дел од својата заработка ја дава на сиромашните ученици, избран е за најдобриот наставник на светот.

Наградата вредна милион долари му е доделена вчера во Дубаи.

Питер Табиќи е наставник по математика и физика кој 80 отсто од заработката дава за да им помогне на сиромашните ученици во селото Пвани.

Во тоа село, кое се соочува со проблеми како суша и глад, скоро третина од децата се сирачиња или имаат само еден родител.

36-годишниот Табиќи е избран меѓу 10.000 кандидати од 179 земји за таа наградам чија церемонија и врачување на наградише правеше актерот Хју Џекмен.