Неделен хороскоп 25.03.2019 до 31.03.2019

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Знаете да ги мотивирате соработниците и на тој начин заедно да постигнувате поголеми успеси, тоа ќе се случи и оваа недела.

ЉУБОВ: Имате многу поволна ситуација и придвижувањето на љубовен план доаѓа. Потребно е само малку да се опуштите.

ЗДРАВЈЕ: Претераната вкочанетост ви создава проблеми.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Оваа недела не е поволна за било какви радикални промени. Држете се до стабилните текови и не ризикувајте.

ЉУБОВ: Можно е да се обидете да го конкретизирате односот со некое лице кое веќе подолго време постои во вашето љубовно поле.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Искористете ја приликата да ги проширите деловните познанства и преку нови контакти да дојдете до работа.

ЉУБОВ: Не сте сигурни која одлука е вистинска. Ви се допаѓа една личност но се плашите дали таа врска комплетно ќе ја ограничува вашата слобода.

ЗДРАВЈЕ: Потребна ви е релаксација.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Можете да очекувате оваа недела некој од вашите блиски пријатели да се појави со интересна деловна понуда.

ЉУБОВ: Ви одговара вниманието кое го добивате од различни припадници од спротивниот пол. Можете да очекувате интересена недела исполнета со флерт.

ЗДРАВЈЕ: Склони сте на настинки.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Ќе дојдете до деловните промени кои ги очекувавте веќе некое време. Конечно ќе се конкретизираат важните работи.

ЉУБОВ: Прифатете некоја сугестија која саканото лице ја има за вас. Ќе сфатите уште на самиот почеток дека била во право.

ЗДРАВЈЕ: Можна е минлива кивавица.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Оваа недела ќе имате премногу работа, а некој упорно ќе ви доделува и нови работни задачи. Ќе бидете под голем притисок.

ЉУБОВ: Можно е познанство со некое помладо лице со кое ќе развиете понапредна комуникација, уживајте во долгите разговори доколку навистина ви се допаѓа личноста.

ЗДРАВЈЕ: Осцилации на крвниот притисок.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Искористете ја оваа недела да воведете баланс помеѓу работата и приватниот живот со цел да се ослободите од наталожениот стрес.

ЉУБОВ: Ќе се запознаете со личност која има слични размислувања и интереси како вашите. Ќе ве привлекува нејзината појава.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за имунолошкиот систем.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Сите ќе увидат дека имате далеку поголеми потенцијали од тоа што мислат и сите ќе сакаат да ве ангажираат да им помогнете.

ЉУБОВ: Оние во врска ќе уживаат во хармонија, а оние кои се сами ќе запознаат некоја нова личност која многу ќе ги привлече.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте што јадете.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Полека ве фаќа паника во врска со работата која ве очекува. Обидете се да се приберете и порационално да согледате некои работи.

ЉУБОВ: Слободните ќе запознаат нова личност која многу ќе ги заинтересира, но веднаш потоа ќе започнат да и наоѓаат премногу маани.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со вратниот дел од грбот.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Конечно ќе бидете во прилика да дефинирате некои многу важни работи. Правете полека некои нови планови.

ЉУБОВ: Ќе пронајдете личност која ви одговара според бројни параметри и која ќе ви делува како идеален животен сопатник.

ЗДРАВЈЕ: Добро ќе се чувствувате.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ќе добиете поддршка иако не ја очекувате. Оваа недела е поволна за разрешување на некои ситуации кои ве мачеле.

ЉУБОВ: Немате доволно трпение за саканото лице, но ни тоа за вас. Ќе имате тешка недела на љубовен план.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ве измачува дигестивниот тракт.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Доколку бидете подготвени да направите некои отстапки на работното место, тоа на долги стази ќе ви донесе повеќе позитивни резултати, па затоа размислете.

ЉУБОВ: Не ви се допаѓа кога било кој од вашата околина ќе започне да се меша во вашиот љубовен живот. Внимавате и молчите со цел да сокриете многу нешта.

ЗДРАВЈЕ: Лоша циркулација.