Младото девојче од „ништо“ прави пари: Смислила уникатен бизнис за кој многумина ќе и подзавидат

ИЗВОРСкопје24
|

Бју Роуз е британска тинејџерка која заработува стотици илјади фунти давајќи им имиња на децата на други луѓе.

Сѐ почнало 2016 година, кога Бју имала 16 години и со родителите биле на гости кај пријатели во Кина. Пријателот на татко ѝ ја замолил да смисли британско име за неговото новороденче, оти многу му се допаѓале британските имиња.

Отпосле таа го дознала и тоа дека заради својот специфичен јазик и правопис, Кинезите честопати сакаат да имаат и второ, „меѓународно име“ напишано со латинични букви. Причината се и-мејл адресите, комуникацијата и полесен пристап до меѓународните интернет-страници на разни факултети, компании и друго.

На Бју ѝ пречело тоа што на тој начин, Кинезите честопати добиваат имиња како – Ролекс, Епл и слично, па одлучила да го подигне тоа на повосоко ниво.

Така и настанал и нејзиниот приватен бизнис, интернет-страницата „Спешл нејм“, со којашто досега таа заработила над 255.000 фунти.