Поранешниот војник Ед Стафорд 60 дена живеел на улица со цел да ги истражува бездомниците, а за тоа снимил и документарна серија под името “60 дена на улица”.
Помеѓу останато, тој интервјуирал бездомник кој му се претставил како Дерик и кој му признал дека има сопствен стан во Глазгов, дека носи чизми вредни 200 фунти и јакна вредна 250 фунти.
Дерик му го покажал на Стафорд своето вообичаено место за просење, а во таа прилика бил толку различно облечен така што едвај го препознал, пренесува Дејли Меил.
“Се облекувам многу полошо кога одам да просам од она што инаку го носам. Луѓето нема да ти дадат пари ако си облечен во скапа облека. И така е многу тешко да се извлечат пари од луѓето па мора да изгледаш како скитник”, објаснил тој.
Покрај во Глазгов, Стафорд разговарал и со лажните бездомници во Лондон, а тие му откриле дека заработуваат и по 600 фунти на ден.
Стафорд бил изненаден од фактот што се здебелил пет килограми додека живеел на улица, бидејќи луѓето постојано му купувале храна, но сепак заработил само 200 фунти на ден.
“Бев шокиран со количината на храна која ја добивав. Мислев дека многу ќе ослабам и дека ќе ми биде тешко да преживеам, но се сретнав со многу луѓе кои сакаа да ми помогнат. Во Глазгов дури еден бездомник ми рече дека му даваат толку многу храна што се прејадува”, рекол Стафорд.