Времето си мнинува многу брзо, а промените сакале ние или не, мора да доаѓаат. Оние кои пред некое време ни се чинеле мали, денес потпораснале, се смениле.
Мартија Станојковиќ (16), девојченцето со ангелски глас кое ја направи Македонија горда со својот талент на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“ во текот на 2015/16 година каде го освои второто место, денес тешко би ја препознале.
Во јули пак, 2016 година со песната „Love will lead our way“, ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија каде го освои 12-то место.
Мартија денес е доста поразлична од она каква ја запознавме пред неколку години, сака да експериментира со својот изглед и секојдневно е активна на социјалните мрежи, каде на своите следбеници редовно им ги презентира промените.
Таа е млада талентирана дама која полека, но сигурно се пробива на македонското музичко небо.
На нејзиниот профил на Инстаграм постојано има нови следбеници кои ја поддржуваат и мотивираат да продолжи во тоа темпо, а ние силно веруваме дека Матрија е нашата голема музичка надеж.
Таа меѓу своите најнови објави на својот профил на Инстаграм изненади со новите фотографии каде изгледа доста различно, со полни усни, топ од црна тантела и целокупно доминантен изглед.
Инаку, во својата куса, но доста успешна музичка кариера, Мартија издаде 4 синглови, а истите ги понуди како комплетни со видео спот. Многумина забележуваат дека таа е македонската Дуа Липа.
Извор: Вистина.мк