Пејачката Јелена Карлеуша поради жалост од заминувањето на мајка си Дивна, не ја напушта куќата без поголема потреба, а не оди ниту во посета на продавница, иако таа е позната како голем љубител на купувањето и модата.
Тоа е причината зошто раководството на еден ексклузивен бутик чиј клиент е Карлеуша одлучил да излезе во престет на нејзиното барање и да и праќа гардероба на нејзината домашна адреса.
– Јелена последен пат беше во нашите бутици неколку дена пред засекогаш да замине Дивна, кога купи панталони со потпис на познат француски дизајнер од последната колекција, а за нив плати околу 100.000 динари. Таа е наш одличен клиент и, се разбира, излеговме во пресрет – рекоа од овој ексклузивен бутик за српските медиуми, кој во својата понуда има исклучиво познати светски и дизајнерски етикети.
Како што е објаснуваат, наместо Карлеуша, во бутикот ќе доаѓа нејзината соработничка за да избере облека по вкус на Јелена, а потоа облеката да ја однесе кај Јелена, каде што ќе пејачката ќе проба.
– Јелена избегнува да се појавува на јавно место, бидејќи не сакам да ја сретнат голем број на луѓе – изјавуваат од бутикот.