„Не сакав да ти се мешам додека снимаше“ – Се огласи Цеца за новата песна на Анастасија Ражнатовиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Светлана Цеца Ражнатовиќ е горда на својата наследничка Анастасија Ражнатовиќ после успехот кој го постигна со своите внимателно избрани песни.

Пејачката со една порака се огласи на Инстаграм па ја охрабри својата наследничка да продолжи само напред , но даде до знаење и на сите дека вооопшто не и помогнала во изборот на песни и дека Анастасија сама е заслужна за она што и се случува.

Не сакав да ти се мешам додека работеше на песната и видеото. Те оставив сама да направиш се. Ти дадов само совет за песната. Пораките кои што ги добивам со денови и она што го гледам ме прават да бидам најгордата мајка на светот. Те сакам бескрајно, браво девојко, напишала Цеца.

Песната погледнете ја во продолжение:

Цеца исто така не ја крие радоста што младата Богдана Родиќ наскоро ќе стане член на нејзиното семејство. Имено, свршеницата на нејзиниот син Вељко веќе подолго време живее во нивната семејна куќа, но одговорот што популарната пејачка им го даде на новинарите во една ТВ-емисија, кои ја прашаа кога ќе се случи свадбата на вљубените гулапчиња, малку ја збуни јавноста.

„Попрво јас ќе се омажам, а немам ни момче“, се пошегува Цеца гостувајќи во емисијата „Премиера“.

Пејачката го образложи својот одговор.

„Млад е тој, само што наполни 22 години. Тоа е негова желба… Не можам да зборувам за таа свадба, жими мајка, мака ми е. Не сакам да им бидат ПР на Ражнатовиќи“, изјави Цеца.