ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ: Подгответе се за прошетка и излет во природа

ИЗВОРСкопје24
|

Иако неделава имавме малку променливо време, сонцето не беше на наша страна, сепак викендов подгответе се за прошетка.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисочен правец.

За време на последниот викенд од месец март времето ќе биде на наша страна.

Во сабота ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Додека во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела температурата ќе се искачи до 21 степен што е враќање на вистинската пролет во Македонија, по овој ладен бран кој го имаме овие денови.

Инаку на наша страна е и тоа што токму од овој викенд денот ќе биде подолг. Односно ова е последниот викенд на месец март и завршува зимското сметање на времето. Не заборавајте овој викенд да го поместите часовникот. Летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00 min 00 s се смета како 03h 00min 00s.

Летното сметање на времето пак во 2019 година завршува на 27 октомври во 03h 00min 00s, со поместување за еден час наназад времето.