Вакви луѓе ни се потребни: Професорка и ученици го чистат ѓубрето низ Битола

ИЗВОРСкопје24
|

Професорка за пример од Битола со својот клас направи неделна акција за чистење на ѓубрето зад Новиот пазар. Таа вели дека со акцијата „Мети си со Класнето“ сака да мотивира и други наставници за ова на некој начин да стане традиција и да ја подигне свеста кај оние кои ја загадуваат околината.

Марија Магдалена Петковска Микаровска со учениците од II-6 од Средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ самоиницијативно чистат ѓубре низ Градот на конзулите.

„Се собравме околу 60 луѓе. Winners!!!!! Не ми се веруваше искрено, сите со максимум мотивација за работа. Исчистивме голем дел од ѓубрето. Втора 6 на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои нè гледаа како да сме вонземјани“ – напиша таа.

„Ова е предизвик за сите класни раководители низ нашиот град да го направат истото. И да го прават секојдневно без очекување на сертификат за благодарност, бидејќи најголемата благодарност е примерот кој го даваме. Ова сме ние и ова е тек почеток!“ – пишува професорката, која вели дека акцијата ќе продолжи и следната недела.

Оќи дечки, сума сумаре на настанот денес.Се собравме околу 60 луѓе. Winners!!!!! Не ми се веруваше искрено, сите со…

Gepostet von Marija-Magdalena Petkovska Mikarovska am Sonntag, 24. März 2019