Какво време не очекува за продолжениот Велигденски викенд?

ИЗВОРСкопје24
|

Неделава имавме малку променливо време, сонцето не беше на наша страна, сепак викендов подгответе се за прошетка.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисочен правец.

За време на последниот викенд од месец март времето ќе биде на наша страна.

Во сабота ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Додека во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела температурата ќе се искачи до 21 степен што е враќање на вистинската пролет во Македонија, по овој ладен бран кој го имаме овие денови.

Во продолжение погледнете ја временската за цел месец според Accuweather, а повторно ќе има пресврти со времето, од пролет до враќање на зимата.

Оваа 2019 година ќе биде година на метеоролошкиот феномен Ел Нињо кој условува повисоки температури на воздухот, но и почести временски непогоди, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во најголем дел од Европскиот Континент вклучувајќи го и Балканот ова лето топлите бранови од северните предели на Африка се очекува да бидат позачестени и со поголем интензитет што значи очекуваме натпросечно топло време, секако ова ќе услови и загревање на атмосферата па така ќе се создаваат услови и за почести временски непогоди како што се: Поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и град како и локални поројни поплави.

Во текот на ова лето очекуваме барем два до три изразени топлотни бранови во кој температурите би се искачуваат дури и над 40 степени што за кај нас е и сосема нормална појава.