Едниот близнак не личел на никој во семејството, ДНК покажала зошто

ИЗВОРСкопје24
|

Жена во градот Ксиамен во Кина наводно родила близнаци од различни татковци. Според кинеската новинска агенција „Стрејт хералд“, информацијата доаѓа од директорката на форензичкиот идентификациски центар Фуџиан Женгтај, агенцијата во која го направила тестот за татковство.

Сопругата, на која кинеските медиуми ѝ го дале надимакот Ксиаолонг, забележала дека близнаците при раѓањето биле многу различни. Ксиаолонг исто така забележала дека еден од близнаците наликувал на нејзниот сопруг, додека другиот немал никакви сличности ниту со неа ниту со сопругот.

Исто така, приказната станала позната кога парот отишил да ги запише децата во регистарот на родени. Со цел да се заврши регистрацијата побаран бил тест на татковство како доказ дека децата се нивни.

Директорката на форензичкиот центар рекле дека сопругот бил бесен на својата сопруга кога дознал дека е татко само на едното дете.

Таткото рекол дека ќе се грижи за сопственото дете, но не и за детето на другиот маж.

Ова е исклучително ретка појава, родени близнаци со различни татковци е позната како хетеропатернална суперфекундација. Ова може да се случи ако жената има полови односи со двајца партнери во исклучително краток временски период или ако жената ослободи две јајце клетки во период од неколку дена во истиот репродуктивен циклус, а потоа има односи со различни партнери, пишува Гардијан.