Скапоцен лустер и голема дневна соба- ова е луксузниот стан во кој живее Анабела

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Анабела Атијас со своите фанови на Инстаграм го сподели домот во кој што живее.

Во просторот околу дневната соба доминира скапоцен лустер, голем часовник и ѕидни слики, додека на истата се гледа и домашниот миленик, кучето.

На фотографијата инаку се гледа и ќерката на Анабела која ги носи нејзините високи потпетици.

Во овој стан инаку живее ќерката на пејачката, но бидејќи таа во моментов е во реално шоу, поголемиот дел од времето таму го поминува Анабела.

Деновиве во медиумите доста актуелна беше темата дека Анабела Атијас некогаш била во врска со сегашното момче на Луна, со која таа е заедно во реалното шоу.

Па, мајката побрза со своја изјава по повод таквиот напис.

„Ви посакувам брзо оздравување, не е лошо да побарате стручна помош“, напиша Анабела.

За потсетување, Анабела истакна дека Марко го познава подолго време од Луна.

„Него го познавам подолго од Луна. Сакам што има став и што се придржува кон него. Стабилен е, смирен и има животно искуство. Полн погод е што мојата ќерка во реално шоу одбра маж кој кон неа се однесува како вистински маж. Јас би подржала секој избор на Луна, но не можам да кажам дека сакам тој да ми биде зет се додека не слушнам од нејзината уста“ изјави Анабела.

Исто така, Марко истакна дека пред „Задруга“ ја сретнал Анабела која му рекла добро да се однесува со нејзината ќерка.

Гласините се дека Анабела наводно во 2010 година после излегувањето од „Големиот Брат“ одлучил тогашниот избраник Младен Радуловиќ да го направи љубоморен така што ќе се зближи со Миљковиќ. На овој гест се одлучила затоа што Радуловиќ, наводно, покажувал симпатии спрема Ена Попов.

„Младен продолжи да го одржува контактот со Ена и по завршувањето на реалити шоуто. Се слушнаа неколку пати, а излегоа и на кафе. Кога за тоа дозна Анабела спреми пеколен план за да му се освети на Радуловиќ. Како оружје за одмазда го искористи Марко кој инаку и е поранешен дечко на Ена. Преку заеднички пријател му порача дека е убав и сладок. Штом слушна Миљковиќ веднаш почна да ја мува Анабела и да и праќа пораки. Беа и на состанок, а не е познато како завршил истиот. Откако Младен дозна за ова и забрани на Анабела да комуницира со Марко и така заврши се“, открил извор за пинк,рс.