Силен земјотрес предмалку ја стресе Грција

ИЗВОРСкопје24
|

Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтеровата скала предмалку ја погоди Грција.

Земјотресот е на длабочина од 10км на 129 км од главниот град Атина.

Информации за настанати евентуални штети сеуште нема, нови информации очекувајте наскоро.

Рано утринава околу 3 часот земјотрес ја стресе и Хрватска, епицентарот бил околу 21 километар од Сплит.

Сеизмолошкиот завод наведува дека јачината на земјотресот бил 4,2 степени по Рихтеровата скала.

– Спиев и одеднаш ме разбуди тресењето на шкафовите и лустерите, веднаш скокнав од креветот, вели еден граѓанин кој го почуствувал земјотресот.