Овој град е прогласен за најдобар град на светот

ИЗВОРСкопје24
|

Откако минатата година се најде на второто место после Париз, главниот град на Англија се искачи на тронот на овогодинешното рангирање…

Оваа листа се базира на податоци собрани во текот на изминатата година, а сите посетители на Лондон, сложно гласале и го довеле на водечката позиција. Според истражувањето, кралската свадба на Меган Маркл со принцот Хари имала силен ефект врз целиот свет. Луѓето сакаат да одат по улиците по кои се шетале и членовите од кралското семејство, истражувајќи што сè може да им понуди Лондон.

По кралската свадба, посетата на Палатата Бекингем и промената на стражата пораснала за дури 213% за време на претходните 12 месеци. Сепак, и да не сте преголем фан на кралското семејство, овој град во себе крие нешто и за вас.

Лондон има возбудлива историја, како центар на креативноста и слободното размислување, од Шекспир до раѓањето на панк движењето и модните писти на денешницата. Неговата креативна енергија и културна разновидност, можат да се почувствуваат во секој негов аспект: храна, мода, уметност, изложби, бутици, продавници и ноќен живот.

Овој град има музеи, барови, улични изведувачи и сè што може да посакате. Изобилство на луксузни хотели, ресторани, галерии, бутици со висока мода и сè останато, го претвораат Лондон во земја од бајките, за сите оние кои се љубители на традиционални патувања.