ВИДЕО: Каков треба да биде следниот наш претседател?

ИЗВОРСкопје24
|

„Другата страна на политиката“ е нова страница на „Фејсбук“ на која група млади интелектуалци,како што велат, без никакви интереси од ниедна партија или личност, револтирани од досегашните тридецениски лоши и погрешни избори на граѓаните, наредниот период „ќе се обидеме низ нашата призма да Ви помогнеме вам ценетите граѓани да одлучите за кого треба да го дадете вашиот глас и каков профил на Претседател на Републиката ни треба“.

Повторуваме, немаме никаков интерес кон никого, а сите кои сакаат да ни се придружат во нашата приказна се добредојдени. И најважно, наредните 10 дена како ја развиваме нашата приказна, така ќе дознавате за што се залагаме. Републиката да е СИЛНА!, велат тие.

Во првото видео тие одговораат на прашањето: Каков треба да биде следниот претседател на РМ.

Видеото можете да го видите ТУКА.

Ова се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го добива името Северна Македонија. Претседателот во заминување Ѓорге Иванов, кој се противел на договорот, повеќе не можел да се кандидира поради уставното ограничување од најмногу два претседателски мандати.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко. Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.