Ги поместивте ли часовниците – Денеска почнува летното сметање на времето

ИЗВОРСкопје24
|

Од денеска почна летното сметање на времето, а во 2 часот ноќва, стрелките на часовникот се поместија еден час напред. Со тоа и официјално почнува летното сметање на времето, и ќе трае до последната недела од октомври.

Некои научници сметаат дека поместувањето на стрелките од часовникот, предизвикуваат стрес кај одредени луѓе, особено оние кои се со хронични болести.

Претставниците во Европскиот парламент пред некоја недела гласаа за предлогот на Директивата за укинување на поместувањето на часовникот, условен од промената на годишните периоди и ставањето вон сила на Директивата 2000/84 / ЕЗ на пленарната седница во Стразбур.

Последното заедничко поместување на часовникот на летно сметање на времето треба да се случи во последната недела на март 2021 година, а земјите членки кои сакаат да останат на зимското сметање на времето треба да го сменат своето стандардно време во последната недела на октомври 2021 година.

По тогашното гласање, Европскиот парламент е подготвен за понатамошни преговори со Советот на министри.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот. Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.