Овој човек е слеп и глув, но има посетено 127 земји и само една не му се допаднала (ФОТО+ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

“Затворете ги очите и ставете ги рацете на уши, потоа отпатувајте во Рим, сами”, вака започнува приказната на Тони Џилс кој го има направено она за кое би рекле дека е невозможно. Иако е слеп и глув, Тони има отпатувано многу повеќе од Вас. Писателот и истражувач од Девон има ретко генетско пореметување поради кое ги изгуби и видот и слухот, но тоа не го спречило да посети 127 држави, педесет американски и сите сеудм континенти.

“Имам во план да продолжам да патувам додека не ја посетам секоја земја на светот”, вели Тони.

Џилс оваа година ќе наполни 40 години, а имаше само девет месеци кога му биле дијагнозирани проблеми со видот, дистрофија на коските и фотофобија (осетливост на светлина). На 6 години утврдено е дека тој е делумно глув на двете уши, а до десеттата година започнала да му се појавува темнина. Сега тој е сосема слеп и 80 % глув.

“Спомениците ги доживувам така што се искачувам на нив: така ја посетив и доживеав Ајфеловата кула и Статуата на Слободата”, вели тој.

Поради неговиот хендикеп, тој ги доживува градовите така што шета низ нив, ја чувствува земјата, дали е направена од бетон и колку е старо или дали се движи по калдрма. Тој ја чувствува промената во просторот кога се движи по стазите во шумата, бидејќи знае дека е на отворено кога ветерот ќе го погали неговото лице.

“Посетувам познати цркви, џамии, храмови, ги допирам нивните ѕидови и ја чувствувам нивната текстура. Уживам во аромата која се шири на плоштадите, мирисот на печено месо, зачини и лековитите билки”

“Најдобри се искуствата кои ми го подигнуваат адреналинот, 16 пати сум изведил банџи скок, скокнав со параглајдер од авион три пати и бев на рафтинг во Австралија, Нов Зеланд, Костарика и Замбија. Го сакам тоа, бидејќи можам сè да почувствувам”. Тој патува со дигитален уред во кој ги чува документите и плановите, релевантни телефонски броеви, мапи до аеродром и јавниот превоз. Исто така на неговата листа за пакување се наоѓаат и апаратите за слушање, резервни батерии и резервни бастуни кои ги употребуваат слепите лица кога самостојно се движат по улица.

Но, Земјата која најмалку му се допаднала е Ерменија, бидејќи сите сакале да извлечат пари од него, мислејќи дека е обичен турист. Му било многу тешко да пронајде помош на улиците, иако запознал само мал број на љубезни луѓе. Додека пак, за најдобри места ги одбра Нов Зеланд и Антарктикот, а од градовите го издвои Ушуаја, главниот град на Огнената земја.