Почетокот на оваа година Јелена Карлеуша ќе го памети по лоши и и негативни работи.
Имено, на почетокот на годината таа се најде во голем скандал кога во медиумите се најдоа експлцитни фотографии кои наводно ги праќала на босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Со месеци беше главна тема во сите медиуми и нејзината афера со фудбалерот.
Од друга страна, на 3 март засекогаш ја напушти нејзината мајка Дивна Карлеуша со која пејачката беше многу поврзана и која и беше најголема поддршка.
По заминувањето на Дивна, Карлеуша се повлече во медиумска илегала и никаде не се појавуваше, дури не беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Наместо неа се најде нејзината пријателка и која и помага со кандидатите Ивана Петерс.
Меѓутоа, пред некој ден Јелена се врати во студиото на „Гранд“ кога се влечеше ждрепка за дуелите и кој кандидат против кого ќе настапува.
Иако, многумина помислија дека Јелена се врати на секојдневните обврски, не е така.
Таа на крајот на емисијата истакна дека нема да биде дел од музичкото шоу, но дека ја имаат Ивана и дека веќе го знаат победникот.
„Само да се обратим на моите кандидати, јас неверојатно нема да бидам тука за вас, но тука е мојата драга Ивана која е тука за вас. Јас знам дека ги одбрав најдобрите, дека ќе стигнеме до финале и знам дека имаме победник, го чувствувам тоа“ изјави Карлеуша.
Видеото погледнете го ТУКА.