Една од најпознатите српски фолк пејачки Цеца е позната по својот глас, но и витка линија, сепак таа реши своето тело да го доведе до совршенство па се даде на сериозни вежби и тренинг.
Цеца на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии во кои таа изведува тешки пози и позиции со што докажа дека е во топ форма.
Таа на фотографиите напиша „прв тренинг“ .
Инаку, Цеца пред неколку дена беше во посета на Рим и се покажа себеси во сосема опуштено, но сјајно и секогаш модерно издание. Најголемата српска фолк ѕвезда го посети овој италијански град за да се одмори по настапот во Виена, каде пееше за матуранти.
Таа фрли паричка за среќа во Фонтана ди Треви, прошета по шпанските скали и посети многубројни локалитети во вечниот град.
Таа на себе имаше бела маичка, фармерки и црна „Шанел“ чанта кои одлично и прилегаат како турист во овој атрактивен град во Италија. Пејачката ја фрли паричката, но за жал не откри каква желба замисли.
Видеото погледнете го ТУКА.