Го остави бебето дома и замина на прослава: Како изгледа Александра еден месец по породувањето?

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Александра Пријовиќ, сега Живојиновиќ, се породи пред еден месец и откако стана мајка на малиот Александар таа и сопругот Филип не излегуваат од дома и цело време се покрај својот син.

Сепак, вчеравечер Пријовиќ по повод роденденот на братот на Филип решила да излезе и да се забавува до раните утрински часови.

Познатата пејачка исто така е пресреќна што  неодамна го доби своето внуче, од синот Филип. Таа на последното интервју изјавила дека не сака да ја викаат бабо. Таа уште на почетокот на интервјуто му рекла на новинарот да не ја нарекува баба бидејќи ќе го прекине интервјуто.

„Јас сум само сопруга на дедото. Немој да ме викате баба и слично за да не го завршиме интервјуто“, изјавила со насмевка на лицето пред ТВ камерите, Лепа Брена.

Брена се насмевнала и започнала да зборува за внукот Александар, синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, и изјавија дека тоа е неизмерна среќа.

-Тоа е една неопишана среќа, љубов, радост, но да ги видиш Александра и Филип со тоа мало бебенце, кога ќе ги видиш своите деца со дете… Не знам многу е тешко да се опише таква врста на љубов.

Брена за снаата, познатата пејачка Алксандра Пријович изјавила дека иако е млада, таа е фантастична мајка, која собрала сили и веднаш по само една ноќ станала од креветот по породувањето со царски рез.

„Воопшто не е размазена. Многу му е посветена на бебето. Го дои . Ние само трепкаме и гледаме и ни тргнуваат солзи радосници, раскажала видно среќната Лепа Брена.

Пејачката заедно со сопругот Филип го добија своето прво дете на 6 март годинава.