На големо се печатат лажни пари: Подметнуваат евра во апоени од 10 и 20

ИЗВОРСкопје24
|

Внимавајте, кој за претстојните велигденски празници ќе се упати во европските градови или подоцна ќе оди на одмор, нека припази во продавниците, баровите или бутиците, на парите кои ќе ги добијат како кусур.

Судејќи според најновите вести од Шпанија, каде полицијата ја откри најактивната печатница на лажни новчаници од 20 и 10 евра, фалсификаторите очигледно ја промениле тактиката, па од големи апоени од 100, 200 или 500 евра се преориентирале на печатење книжни пари со мала вредност кои скоро никој и не ги проверува.

Колку овој бизнис земал замав, се гледа по тоа што бандата на шпански фалсификатори од Тенерифе лажни апоени од 10 или 20 евра, во оптек пуштиле дури 7.500 евра месечно.

Тоа значи дека се работи за огромен број на новчаници, кои благодарение на единствената монетарна унија, се прошириле во оптек ширум Европа и тоа најмногу поради тоа што кај парите од толку мала вредност, никој и не обрнива внимание и не ги проверува дали се лажни или не.