Овој храм ги крие едни од најубавите споменици на светот

ИЗВОРСкопје24
|

Во 12-тиот век во југоисточна Азија, кмерското кралство го живеело своето златно доба. Под владеење на разни кралеви, Кмерите ги прошириле границите на кралството преку поголемиот дел од територијата на југоисточна Азија.

Богатството и просперитетот им дозволувало на кмерските кралеви да подигнуваат бројни храмови на својата територија во знак на понизност пред боговите. Најпознатите од тие храмови е секако Ангкор Ват, најголемиот религиозен споемник на светот, но освен тој, постојат и многу кои се секако вредни за споменување, а еден од нив е и храмот Бајон.

Храмот го изградил кралот Џајаварман, еден од најголемите кмерски кралеви, пред крајот на 12-тиот век. Бајон служел како средишен храм во новиот главен град Ангкор Том. За разлика од останатите кмерски храмови, Бајон е посебен по тоа што е единствениот државен храм изграден во тоа доба и посветен само на Буда. По смртта на Џајаварман, неговите наследници го прилагодувале храмот во склад со своите верски убедувања, така што тој денес содржи хиндуистички и будистички елементи кои не биле дел од првобитниот план.

Од оригиналната “постава” најмногу се истакнуваат камените лица, поставени во сет од четири идентични парчиња. Според некои истражувања се верува дека лицата го претставуваат одамна заборавеното божество на Авалокитесвара, но други научници тврдат дека камените лица го претставуваат самиот крал Џајаварман и своите тврдења ги поткрепуваат со фактот дека овие камени лица се слични со другите лица на кои е прикажан кралот.

Исто така интересни се и работите кои биле пронајдени на ѕидовите на двете галерии во храмот. Така, на еден надворешен ѕид се пронајдени сликовни прикази од кмерската историја и сцени од секојдневниот живот. Биле пронајдени и прикази од Кмери како војуваат со своите соседи, а тоа се припишува на фактот дека тие изгубиле дел од територијата Камс, но кралот Џавајарман за време на своето владеење успеал да ја врати таа територија.

За разлика од надворешните ѕидови, внатрешните ѕидови на галеријата прикажуваат верски мотиви, вклучувајќи ги божествата на Брама, Вишну и Шова, но и сцени од хиндуистичката митологија.

Храмот Бајон денес е дел од Ангкоршкиот археолошки парк кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО.