„Априлили“: Јелена Спенџарска наседна на шега за нејзиниот приватен живот – еве кој успеа маестрално да ја излаже

ИЗВОРСкопје24
|

Денот на шегата помина а сеќавањата остануваат засекогаш.

Водителката Јелена Спенџарска наседна на една таква шега и успеаа да ја излажат.

Имено, во кратките приказни на „Инстаграм стори“ таа истакна дека екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ успеал да ја излаже дека во нивната редакција имаат експлицитни фотографии од водителката.

„Каква првоаприлиска ми направија од „Бекстејџ“, секоја чест. Ми се јавија дека имаат експлицитни фотографии од мене и дека сакат да ги објават. И јас сум свесна дека немам и дека тоа не е можно. Но, така ми го извозија филмот што се ставив во ситуација да се бранам. Браво Бекстејџ“ истакна Спенџарска.

Таа откри дека ова била прва нејзина лага на која наседнала во текот на вчерашниот ден.

Дали уште некој успеал да ја излаже Спенџарска не знаеме…

За потсетување, Јелена неодамна го прослави и својот роденден, па веруваме дека и по тој повод некој успеал да ја израдува и да ја направи среќна.

Вистина.мк