Малите од Аеродром беа насочени кон заштита на животната средина на интересен и уникатен начин во Капитол мол

ИЗВОРСкопје24
|

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на животната средина, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром ја организираше „Е-КАПИТОЛИЈАДА“ на која учениците од основните училишта на територија на Општина Аеродром изработија ЕКО маски од електричен отпад и продефилираа на првоаприлското шоу во Капитол мол.

Е-Капитолијадата беше отворена од страна на извршниот директорот на Нула Отпад, Марјанчо Дамески кој се заблагодари на сите креатори на ЕКО маските, на нивната креативност, труд и на посветеноста за придонесување за здрава животна средина. Истото го истакнаа и од Капитол мол кои порачаа дека сите треба да се грижиме за заштита на природата и тоа е најдобро да се почне од млада возраст.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој. За остварување на истите може да се очекуваат голем број на уникатни активности и настани од сличен тип.