Што се случува кога ќе пуштиме вода во тоалет во авион?

ИЗВОРСкопје24
|

Првиот модерен тоалет кој функционира по принцип на вакуум го патентирал Џејмс Кемпер во 70-тите години од минатиот век, а прв го вградил “Boeing” во 1982-ра година.

Пред тоа, персоналот и патниците морале да се олеснуваат во кутии со голема количина на сина течност, чија содржина лесно се излевала.

Уредите на Кемпер трошат многу малку течност, а обложени се лизгав слој кој спречува лепење на фекалиите за неговите ѕидови. Откако ќе изврши нужда, патникот притиснува копче, а вакуумскиот систем ја повлекува сета содржина од ВЦ шолјата и ја складира во посебен резервоар.

Исклучок во дизајнот претставува единствено тоалетот за “Boeing 787 Dreamliner”, чии тоалети имаат капаци на автоматско затворање.

Авионските тоалети не може да бидат испразнети во текот на летот бидејќи вентилот за тој отпад се наоѓа во внатрешноста на авионот и може да се испразни само кога е на земја. Се што минува низ шолјата е сместено во посебно складиште кое го празни персоналот на копно.

Често се пријавуваат случаи дека од авионот паѓа “син мраз”. Американската федерална авијациска администрација – FAA, наведува дека станува збор за сината течност од резервоарите која го отстранува непријатниот мирис и го растворува цврстиот отпад. Резервоарите некогаш протекуваат, а на големи висини течноста замрзнува.

“Синиот мраз од авионот се топи или крши пред да падне на земја. Ако мразот не падне, ќе се стопи при слетувањето. Тогаш обично се претвора во мали капки”, рекле од FAA.