(ВИДЕО) Силјановска вежбаше јога во Охрид

ИЗВОРСкопје24
|

По вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, утрово нивниот кандидат Гордана Силјановска-Давкова вежбаше јога на кејот од Охридското Езеро.

Вежбите ги правеше заедно со инструктор, но и со нејзините поддржувачи кои се одзваа на поканата која вчера беше објавена на социјалните мрежи. Оваа активност е дел од кампањата која кандидатката за претседател ја спроведува во Охрид.

„Сите јогисти од Струга, Охрид и околината Ве поканувам на едночасовна јога дружба на зелената површина покрај „Куба Либре“ плажата во вторник во 10:30 часот“, гласеше поканата за настанот.

Силјановска-Давкова, пред почетокот активноста рече дека таа во одреден период вежбала јога цели четири години, но потоа прекинала. Таа додаде дека оваа активност ја опуштала и за неа е филозофија на живеење и тренинг за духот.

Фото/Видео: Макфакс