Српската фолк дива Лепа Брена имаше операција на очите, па посака да ги извести сите оние што да сакаат, а по завршената работа, насмеана позираше со лекарите –евидентно задоволна од резултатот.
-Светлост во моите очи! – напиша славаната пејачка во описот на фотографијата, а нејзината објава покрена лавика коменатри.
-Успешна ласерска операција на очите – додаде Брена за фотографијата од ординација.
Таа деновиве се прошета во Загреб стилизирана како никогаш порано. Елегантните фустани и здолништа, популарната пејачка овојпат ги замени со панталони, лежерно сако и со бела маичка, а особено впечатливи се и патиките кои ги вклопила во аутфитот.
Околу струкот носела ташна со синџирчиња, а погледот го криела зад еднакво модерни очила.
Со тренди стајлинот кој го презентираше во главниот град на Хрватска ги воодушеви сите, и ретко кој би можел да и парира.
Брена неодамна стана баба на внукот Александар, кој го доби од својот посинок Филип и снаата Александра, очигледно сето ова и годеше уште повеќе со оглед на изгледот кој го имаме на фотографијата.
Пејачката и после операцијата едноставно е во полн сјај.