Едукација низ забава, забавувајте се и едуцирајте се -Младите инжинери се дружат со лицата со попреченост

ИЗВОРСкопје24
|

Young Engineers Skopje-Macedonia и Ресторан Амбрела ве канат на заедничка забава за целото семејство.

За прв кај нас, оваа сабота 06.04.2019 од 18:00-20:00, во Ресторан Амбрела – Скопје ГТЦ (поранешно кафе Чао), младите инжинери ќе можат да се дружат со лицата со попреченост.

Секој учесник ќе добие Сертификат за учество во едукативна работилница поддржана од Young Engineers Skopje-Macedonia и Ресторан Амбрела

Програмате е намената за деца на возраст од 7+ години.

Инвестицијата во вашето дете е најдобрата инвестиција, а стекнатото знаење од областа на науката, технологијата, инженерството и математика (STEM) преку уникатниот систем на LEGO® коцки е со непроценлива вредност.

Предизвик: Градиме роботизирани LEGO модели и ги учиме вештините на иднината. Young Engineers e² – единствени лиценцирани програми за stem едукација кај нас, имплементирани во повеќе од 43 земји во светот,сега достапни за Вас преку Young Engineers Skopje Macedonia
Помогнете им на Вашите деца да се развијат во паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации на иноватори, научници и програмери.

Да покажеме дека попреченоста е само прашање на перцепција.

https://www.facebook.com/events/297661167794178/