Нејзиниот изглед со години е тема во медиумите: Вака изгледа диетата на Анџелина Џоли

ИЗВОРСкопје24
|

Изгледот на Анџелина Џоли со години е тема во медиумите, но и загриженоста на фановите. Актерката која е висока 170 цм минатата година наводно имала само 40 килограми.

Таа тогаш говорела дека тоа е резултат на стресот, а сѐ започнало кога почина нејзината мајка, а потоа проблемите поради нејзиниот тежок развод. Магазинот Мари Клер ја објавил нејзината диета поради која таа изгубила повеќе од 15 килограми.

Диетата се темели на една рака јаткасти плодови и семки. Магазинот тврди дека Анџелина ја одржува фигурата консумирајќи мешавина од киноа, просо, чија семе и хељда кои обожава да ги јаде.

„Анџелина отсекогаш била обожавател на семиња и житарици, но сега сето тоа го подигна на ново ниво“, рекол пред неколку години извор за еден магазин, додавајќи дека актерката тврди дека поради житариците и нејзината кожа е посјајна.

Наводно во тоа време во текот на денот внесувала само околу 600 калории. „Денот го започнувала со лажица кокосово масло и една рака семки“, тврди изворот.

„Некогаш го прескокнувала ручекот или сјадела само рака бадеми или гумени бонбони. Таа преферира протеински шејкови отколку конкретен ручек. За вечера најчесто бирала немасна храна и чаша црно вино“, се додава во изјавата.