Сопругите на Заев и Ципрас уживаа во погледот на Скопје од Кале (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Со Алексис Ципрас, првиот грчки премиер дојде и неговата невенчана сопруга, Бети Базијана, и привлече големо медиумско внимание.

Сопругата на премиерот Заев попладнево ја дружеше сопругата на Алексис Ципрас, грчкиот премиер кој е во прва официјална посета на Скопје.

Двете дами во модни комбинации карактеристични за пролетта прошетаа и на скопското кале.

„Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба , интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста.

Прекрасно попладне, полно со оптимизам и ведрина.-напиша на социјалните мрежи премиерот Заев.

Четириесет и четиригодишната Перистера Базиана, позната како Бети е невенчаната сопруга на грчкиот премиер и лидер на Сириза Алексис Ципрас и воедно е најзаслужна за неговиот успех, пишува Емагазин. Тој повеќе се интересирал за спорт отколку за политика, додека не ја сретнал неа. Ципрас ја запознал во средното училиште, а подоцна заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина.

Заедно воделе неколку комунистички протести, а според многумина никогаш немало Ципрас да го доживее денешниот успех без неа.

Таа ретко се појавува во јавноста и медиумите, а заедно се 20. години. Колегите на факултет ја опишувале како „динамична и многу упорна“.

Медиумите и ден денес прашуваат дали таа од сенка ги држи конците и управува со земјата? Колегата на премиерот Заев живее во Атина со сопргата, со која имаат две машки деца.

Сопругата на Ципрас денес ќе се дружи со првата на дама на Македонија Зорица Заева.