Авионот Цесна П210Н пронајден паднат северно од Солунска глава

ИЗВОРСкопје24
|

Авионот од типот Цесна П210Н кој беше изгубен од радарскиот систем е пронајден северно од Солунска глава, во моментот кон местото се упатени екипи за спасување на МВР со хеликоптери, пишува 1тв.

Во авионот се превезувало 4 члено семејство, татко, мајка и две деца, кои според непотврдени информации се бугарски државјани.

Малиот воздухоплов од типот Цесна со германски регистарски таблички П210Н кој летал од Охридскиот аеродром за Софија попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот е изгубен западно од Слунска Глава, потврди за МИА директорот и претседател на УО М-НАВ, Николче Тасески.

-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.

Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции, а претходно прво било побарано принудно да слета на скопксиот аеродром, но на крајот сепак го продолжил патувањето.