Цесната не експлодирала, се слушнал само удар

ИЗВОРСкопје24
|

Познат олигарх со семејството биле во авионот кој се сруши попладневно на северната страна на Солунска Глава, над селото Пуста Брезница, се дознава неофицијално. Според истите информации нема преживеани лица.

-Со жена ми бевме по мов во атарот на селото Зркле. Јас бев подолу, жена ми погоре. Слушнав нешто дека брчи. Гледам нагоре нема авион нема хекикоптер. Си реков можеви работат за водводот што ни го градат. Но не беше таков звук. Продолжи да брчи и се помалку брчеше и потоа го снема. Жема ми која беше подолу кон долот накај селото Самоков чула само тап удар. Пламен немаше. Локациски местото е во долот кај Самоков, изјави Бранко од село Тополница за 24 Инфо.

Во моментов екипа на полицијата и планинарски екипи се упатени кон местото на несреќата. Според листата на патници станува збор за маж, жена и две девојчиња.

Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица. Се очекуваат повеќе информации за овој случај.

„Во 16.16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип цесна П210Н, кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија“, рече Николче Тасески, директор и претседател на УП на М-НАВ. Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар, пилотот пријавил дека има силни турбуленции.