Познат идентитетот на семејството кое се превезуваше во авионот кој падна кај Солунска Глава

ИЗВОРСкопје24
|

Две девојки на возраст од 14 и 18 години и двајца возрасни го загубија животот во авионската несреќа што попладнево се случи на околу 5 километри северозападно од Солунска Глава.

Според извори на Алсат станува збор за:

Бошнаков Ангелов Георги (1970)
Бошнакова Георгиева Гергана (2005)
Бошнакова Георгиева Билјана (2000)
Корнајева Цонева Калина (1972)

-Со жена ми бевме по мов во атарот на селото Зркле. Јас бев подолу, жена ми погоре. Слушнав нешто дека брчи. Гледам нагоре нема авион нема хекикоптер. Си реков можеви работат за водводот што ни го градат. Но не беше таков звук. Продолжи да брчи и се помалку брчеше и потоа го снема. Жема ми која беше подолу кон долот накај селото Самоков чула само тап удар. Пламен немаше. Локациски местото е во долот кај Самоков, изјави Бранко од село Тополница за 24 Инфо.

Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица.

„Во 16.16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип цесна П210Н, кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија“, рече Николче Тасески, директор и претседател на УП на М-НАВ. Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар, пилотот пријавил дека има силни турбуленции.