Сораја за прв пат го покажа вереникот, но сите гледаа во еден детаљ (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Старлетата Сораја , која неодамна наводно се вери со богат Русин на својот Инстаграм профил за прв пат реши да го покаже својот вереник.

Имено таа објави фотографија на која тие се држат за рака со емотинка која праќа бакнежи, а сите ја забележаа необичната тетоважа на неговата рака.

Српските медиуми пренесоа дека Сораја тајно се верила во Москва, откако Русинот ја побарал за жена во луксузен ресторан, а на раката и ставил прстен со дијаманти вреден 150.000 евра.

Српските медиуми викендов објавуваат дека познатата старлета Сораја Вучелиќ, добила понуда за брак и дека ќе се омажи за богат Русин по име Владимир. Како што пренесува „Информер“, станува збор за син на руски тајкун, но Сораја не сака да изнесува во јавноста детали за својот вереник.

Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавиот дечко на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на кои што дефинитивно паднав. Не паметам кога сум била посреќна, изјавила старлетата за „Информер ХИТ“.

Како што пишува магазинот, врската на Сораја и на Владимир започнала пред околу три месеци, а Русинот на нејзината рака ставил прстен вреден околу 150 илјади евра.

Пред извесно време Сораја се појави и во британскиот весник The Sun поврзувајќи ја со фудбалерот Нејмар.