Кој е Георги Бошнаков бугаринот кој управуваше со Цесната која вчера падна?

ИЗВОРСкопје24
|

Георги Бошнаков, кој со сопругата и двете ќерки загина вчера откако „цесната“ со која летале од Охрид за Софија падна кај Солунска Глава, бил поранешен шеф на одделот за „Имплементација и одржување на информатики и технологии“ во рамки на бугарсата Агенција за регистрација, информираат бугарските медиуми.

Потоа започнал приватен бизнис и во моментот имал компанија за рециклирање на отпадоци, тој според последните информации, пилотирал со малиот авион марка „Цесна“

Во леталото се наоѓала и неговата сопруга адвокатката Калина Корнажева Бошнакова, која е од познато адвокатско семејство во Бугарија, пишува бугарски Блиц.

Тие ја истражуваат нејзината родова карта и дошле до сознание дека нејзиното семејство потекнува од Габрово и е во роднинска врска со поранешната бразилска претседателка, Дилма Русеф, која, како што е познато, има бугарски корени.

Таткото на Калина Крнажева е познат бугарски адвокат, поранешен министер за правда и пратеник, Петар Корнажев.

Калина Корнажева имаше 47 години и замина заедно со своите две ќерки Гергана (14) и Билјана(18) години.

Малиот авион од типот цесна П210Н кој вчера беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираа за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија.