Ексклузивна снимка од разговорот на Бошнаков со контролата на летање

ИЗВОРСкопје24
|

Пилотска грешка или проблем со моторот е причината за вчерашниот пад на авионот на пет километри северозападно од Солунска Глава, објавуваат бугарските медиуми.

Според Днес.Бг, која емитуваше аудио снимка од разговорот меѓу пилотот и контролата на летање, грешката најверојатно е на пилотот Георги Бошнаков.

Главниот асистент по Безбедност на летовите од Техничкиот факултет во Софија, Марин Петров објасни дека според правилата на Бугарската Агенција за цивилно воздухопловство, Бошнаков имал аматерска лиценца да пилотира мали авиони, а таква лиценца се стекнувала по курс од неколку месеци, кој вклучува 140 часа теорија и 40 часа пракса.

Петров беше категоричен дека во авионот одговорноста е пилотот, а од конторлата на летот можат да даваат информации или да ги советуваат.

-За мене турболенцијата не е нешто што треба да го присили да слезе под нивото на врвовите. Поверојатно е да имало проблем со моторот, а може да дошло и до замрзнување на управувањето, рекол експертот.

Од екслузивната снимка може да се чуе како контролорот го прашува Бошнаков дали се уште има турбуленции, но тој вели дека нема, но има голем облак низ чиј процеп има визуелен контакт со земјата, но облакот му прави проблем. Комуникацијата прво се одвива на англиски јазик.

Во следната снимка пилотот со конторолорот зборуваат на македонски јазик, а конторлорот го упатува кон Запад.

Потоа следи комуникацијата меѓу контролорите на летањето:

„Може да се прелета над Солунска Глава, нема облаци, сигирно е и чисто со база од над 300 метри над врвот.

„Да, ама пилотот јави дека е турбулентно и го снема од радар“, разговараат конторлорите.

После се слуша од конторлата на летање од Скопје како го повикуваат Бошнаков, но нема одговор.

Видеото и разговорот во студиото може да се види на следниот линк dnes.bg, а делот со комуникацијата меѓу Бошнаков и контролорот почнува од 11.36 минута.