Саше Политико повторно заедно со сопругата: Сепак љубовта излезе посилна од сите ножеви на светот (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пред околу два месеци Саше Ивановски, познат како Саше Политико и неговата сопруга М.Л.И. пријавиле инцидент во полиција.

И двата сопружници тврделе дека другиот сопружник напаѓал со ноќ, па помеѓ јавноста се прошири веста дека веројатно љубовта пукнала.

Околу 11 часот пред полноќ на 16.01. Ивановски ја известил полицијата дека неговата сопруга го нападнала со нож.

Три часа подоцна неговата сопруга пријавила дека новинарот ја нападнал со нож.

Овој настан го потврди и МВР, а сега Политико на својот Фејсбук профил објави дека заврши семејната драма и објави фотографија заедно со сопругата и синот и напиша:

„Повторно заедно, сепак љубовта излезе посилна од сите ножеви на светот“.

Саше Ивановски Политико е роден на 28 август 1980 во Шопско Рударе, Кратовско, и е македонски новинар и уредник на електронскиот медиум Мактел.

Ивановски дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а потоа заминал на печалба во странство како работник на брод и келнер во угостителските објекти во Њујорк. Новинарската кариера ја започнал во Наша ТВ со емисијата „Политико“ која се емитувала во периодот 2011–2012. Во 2013 го основал порталот Мактел каде работел како негов уредник.

Тој е основач и на дневниот весник „Политико“ кој згасна една седмица по неговиот прв број. Ивановски беше носител и на пратеничката листа на партијата „Народно движење за Македонија“ (НДМ) во третата изборна единица на парламентарните избори во 2014 каде освоил 619 гласови и не успеал да стане пратеник. Во мај 2013 се оженил со скопјанката Марина Лазаревска со која има еден син.