Голем пожар кај спортскиот центар Борис Трајковски (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Голем пожар избувна кај спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Според првичните информации до кои дојде КУРИР, во моментов гори дива депонија, која се наоѓа веднаш до СЦБТ. Граѓаните се испаничени дека пожарот може да се прошири.

Инаку, синоќа е локализиран пожар што настанал во правец од с. Долно Блаце кон с.Горно Блаце, Скопско, по должина на државната граница, кај место викано Барди Мост. Во пожарот изгорела нискостеблеста шума.

Изгаснат е и пожарот во атарот на с.Бајково, с.Баделен и с.Стиник на планината Огражден, кој беше активен неколку дена. Опожарена била површина од околу 30 хектари нискостеблеста шума од бука, смрека и габер.

Изгаснати се и пожари што настанаа изминатите денови, на подрачјето на с.Црешнево, Велешко, и пожарот кај с.Врбоец, Крушевско, додека пожарот над с.Ореше, Велешко, бил ставен под контрола.

Пожарот во националниот парк „Галичица“, кој беше активен изминатите неколку дена, исто така е изгаснат.