Популарната пејачка е милионерка, а нејзиниот татко работи како доставувач и живее од денес за утре

ИЗВОРСкопје24
|

Тој ја напуштил кога имала само три години, а од расправијата во 2011 година нивните односи се расипале.

Богатството на британската пејачка Адел се проценува на речиси 140 милиони фунти, додека нејзиниот татко Марк Еванс работи како доставувач, пренесува The Sun. Овие дена протекоа фотографии како нејзиниот татко доставува пакети и дека од својата ќерка не добива ништо.

Во позадина на таа жалосна ситуација е семејна расправија. Имено, таткото и ќерката се расправале во 2011 година, откако тој изјавил дека Адел нема среќа со мажите, бидејќи тој ја напуштил кога била дете. Тогаш одлучила да го прекине секој контакт со него. Еванс во интервју призна дека не бил добар татко, бидејќи својата ќерка ја напуштил кога имала само 3 години.

“Тој понекогаш работи како водоинсталатер, а сега како доставувач. Живее од денес за утре”, рекол извор близок до Еванс за британските медиуми. Еванс наводно во неколку наврати се обидел да се смири со ќерката, но не било успешно.