Емотивни фотографии: Јелена Карлеуша со иста фризура како мајка си

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Јелена Карлеуша се врати во шоу-програмата „Ѕвездите на Гранд“, откако неколку недели направи пауза по заминувањето на нејзината мајка Дивна.

Поп дивата веднаш ја скрати косата, но сега има сосема нова фризура – долги бујни плетенки.

Како што пишува српскиот „Ало“, Јелена на овој потег се одлучи поради својата мајка Дивна, која во еден период имаше иста таква фризура со плетенки.

Пејачката тоа го докажа со објавување фотографии од својата и идентичната фризура на нејзината мајка Дивна.

Нејзината мајка, познатата новинарка и радио-водителка, Дивна Карлеуша, почина на 3-ти март, по долгата борба со ракот.