Да го чекате авионот на овој аеродром е исто како да го посетувате Дизниленд, погледнете зошто

ИЗВОРСкопје24
|

Многу луѓе се согласуваат со тоа дека аеродромите се најстресниот дел од секое патување. Како и да е постои еден аеродром кој Ви гарантира и ќе Ви го направи патувањето уште подобро, а тој аеродром е крунисан за најдобриот на цел свет.

Оваа година аеродромот во Сингапур ја доби наградата за “Најдобар аеродром на светот”, која беше презентирана од страната за рангирање на аеродроми Скајтракс, а аеродромот ја добива оваа награда 6 пати по ред.

Аеродромот Чанги се здоби со оваа привилегија поради неверојатните удобности што ги нуди како што се кино салите кои ги даваат најновите филмови. За оние кои би сакале порано да го почнат одморот има базен на покривот на аеродромот со џакузи и бар. Доколку тоа не е доволно овој аеродром е преполн со градини кои вклучуваат сончогледи, пеперутки, орхидеи, кактуси. Забавните луѓе можат да уживаат во игралиштето и просториите за играње на 5-от спрат.

Честите патници дополнително ќе го ценат аердромот за неговата посветеност, чистост, ефикасност и услугата кон клиентите.