Имаат 10 дена одмор и не знаат што да прават со нив

ИЗВОРСкопје24
|

Јапонците ќе мораат деновите од 27 април до 6 мај да ги поминат неработно, по повод абдицирањето на царот Акихито, чиј престол ќе го преземе неговиот најстар син Нарухито. За Јапонците, тоа е страшно.

Многумина ќе заминат на патување во странство, но работниците кои ги плаќаат по час не му се радуваат на одморот.

Како што пишува „Гардијан“, не се радуваат ни многумината родители во услужниот сектор, бидејќи што ќе прават со децата додека тие работат. Во текот на тие 10 дена за децата нема да бидат достапни решенијата: продолжен престој во училиште или во градинка.

Јапонските магазини спровеле анкета која покажа дека 45% од анкетираните се чувствуваат несреќно кога станува збор за одморот, додека 35% се среќни поради тоа.

Просечен Јапонец користи само 10 слободни дена годишно, што е половина од вкупниот број на денови кои ги имаат за годишен одмор.

Околу 60% од Јапонците се чувствуваат виновно кога користат платен годишен одмор, а многумина велат дека тоа е поради шефовите кои не дозволуваат отсуство од работа.