Пилотот добил дозвола да слета во Скопје, формирана комисија која ќе ги утврди причините за падот на авионот

ИЗВОРТелма
|

Пилотот на цесната која завчера се урна под Солунска Глава побарал и добил дозвола да слета на скопскиот аеродром, но потоа се премислил и најавил дека продолжува со летот кон Софија.

Ова денеска, иако неофицијално, го потврди и Зоран Илиевски, претседателот на комитетот за истраги на воздухоловни несреќи, со што повторно се дематираат шпекулациите дека пилото Бошнаков добил инструкции да слета на друг аеродром.

Кои се причините за падот на Цесната ќе ги испитива Комисија со која ќе раководи Илиевски а во која има и двајца пилоти.

Тој нагласи дека по потреба ќе се ангажираат и надворешни соработници и дека бугарските колеги ќе може да ја следат истрагата.

Увидот на местото на падот, завршил вчера, направи биле над 400 фотографии и снимки со дрон а примероци од горивото биле подигнати и дадени на вештачење. Остатоците од авионот дополнително ќе бидат подигнати бидејќи станува збор за непристапен терен и во моментов се подготвува план.

Илиевски уверува дека временските услови нема да ги компромитираат доказите и потоа евентуалното вештачење.

Снимите и транскрипот од комуникацијата меѓу контролорот на летање и пилотот Георги Бошнаков веќе се побарани и тие треба да дадат одговор на многу прашања поврзани со несреќата.

Клучни ќе бидат временските услови и информациите кои ги имал контролорот и пилотот. Илиевски потврди дека пилотот пријавил дека влегол во турбуленции но се воздржи од било какви дополнителни коментари.

Побарана е и комплетната историја на авионот која треба да ја достават германските власти како и историјатот на летачкото искуство на бугарскиот бизнисмен Бошнаков.

Она што е познато е дека Бошнаков, пред полетувањето самиот го изготвил платот за лет кој го доставил до контролорите за лет и бил информират за временските услови на рутата кон Софија.

Бошнаков, неговата сопруга и двете деца, полетаа од охридскиот аеродром кон Софија во 15.15 минути, а еден час подоцна авионот се урна во непристапен дел под Солунска Глава.

Огнен Чанчаревиќ